Легендарниот Мајк Тајсон беше поразен од јутјуберот Џејк Пол на главниот настан на боксерскиот спектакл на AT&T стадионот во Арлингтон, Тексас пред околу 80.000 фанови, но тоа не беше сè што фановите видоа од легендарниот боксер.
Имено, како што сега стојат работите, Ајрон Мајк нема намера да се повлече од рингот.
По тепачката, еден од водителките го прашал Тајсон дали ова е дефинитивно крајот.
Мајк тогаш истакна дека ова не е последен пат во рингот.
– Не знам. Тоа зависи од ситуацијата. Мислам дека ова не е последен пат. Можеби со Логан – рече тој мислејќи на Логан Пол, исто така јутјубер боксер, кој стоеше до Џејк Пол.
„Ќе те уништам човеку“, рече Логан на шега.