Водителката Јована Јеремиќ поминува низ многу тежок период. Како што истакна, ова е една од најтешките години за неа, а сè започна пред почетокот на 2025 година, односно од нејзиниот роденден.
– Сè започна од ноември, од мојот роденден, а тој роденден не беше според моите планови. Не знаев дека оваа година ќе биде толку тешка за мене, оваа година е година на завршетоци и година на нови почетоци – изјави Јована Јеремиќ, а потоа се наврати на врската со бизнисменот и сопственик на синџир пекари Драган Станковиќ.
На прашањето дали ќе стават точка на нивната врска оваа година, водителката рече:
– Да, одговорот е да. Не реков дека е крај на врската. Во врска сум со Драган, тој според мене е најдобриот човек на светот. Сакам да имам уште едно дете, да се омажам и сакам тоа дете да го имам со Драган. Не живееме заедно, моето дете почнува на училиште, а училиштето ми е спроти зградата, а Драган е во Грочка и тоа не ни пречи – изјави Јована Јеремиќ во емисијата „На линијата за живот“.