Не можете да заспиете? Направете го овој напиток за подобар и квалитетен сон

Квалитетниот сон е неверојатно важен за вашето здравје. Добар сон е исто толку важен како и здравото јадење и вежбањето.

Многумина прибегнуваат кон алтернативни решенија за подобрување на спиењето и пробуваат разни пијалоци. Ви носиме рецепт за пијалок кој ќе ви помогне да спиете подобро.

Потребни состојки:

  • кесичка чај од камилица
  • лажичка сируп од лаванда
  • 100 ml минерална вода
  • свежо нане
  • лимон
  • Начин на подготовка:
  • Прво натопете кесичка чај во 200 мл врела вода и оставете неколку минути. Потоа измешајте чај со сируп од лаванда и додадете лимон.
  • Во овој напиток додадете минерална вода и нане и сè добро измешајте. Вашиот пијалок за подобар сон е подготвен за употреба.