Ако имате навика да го полните телефонот со заштитна обвивка на него, ризикувате да ја оштетите батеријата. Се препорачува да се отстрани при полнење.
Вечното прашање и тема за која дебатираат корисниците на мобилни телефони е како правилно да се наполни мобилниот телефон.
Дали знаете дека полнењето на телефонот без отстранување на заштитната маска може да влијае на ефикасноста на полнењето и состојбата на батеријата?
Повеќето големи брендови на мобилни телефони наведуваат официјални правила за полнење на нивните уреди. Една од неодамнешните препораки е дека корисниците треба да го отстранат заштитниот капак при полнење на телефонот.
Имено, иако заштитната маска го штити телефонот при секојдневна употреба, може да спречи дисипација на топлина и правилно ладење при полнењето, со што го попречува процесот на полнење.
Во некои случаи, изолационите својства на маската може да предизвикаат прегревање на телефонот и вградената батерија, што може да влијае на брзината на полнење и да го забрза стареењето на батеријата на долг рок.
За да го користите телефонот правилно, треба да ја користите оригиналната опрема за полнење , не користете го телефонот додека се полни. Исто така, важно е да го полните телефонот во ладна средина, како и да го рестартирате уредот кога телефонот полека се полни. Редовните ажурирања на софтверот се исто така важни.
Сите овие мерки можат да помогнат да се продолжи траењето на батеријата на вашиот телефон.