Никол Кидман била толку возбудена за време на снимањето што правела паузи: „Како да прегорувам“

Никол Кидман изјавила дека за време на снимањето на еротската драма „Babygirl“ била толку возбудена што морала да паузира.

Во споменатиот филм, таа ја толкува улогата на Роми, директорка на компанијата која се вљубува во младиот практикант Семјуел, кој го игра Харис Дикинсон. Нејзиниот сопруг Џејкоб го игра Антонио Бандерас.

Актерката рече дека снимањето еротски сцени честопати за неа биле премногу.

„Имаше голема доверба, а потоа имаше фрустрација. Имаше моменти кога снимавме и реков: „Не сакам повеќе да доживувам оргазам. Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не ми е гајле ако повеќе никогаш во животот нема да ме допират . „Доста ми е од тоа.За мене ова е премногу ,чуствувам како да прегорувам – истакна таа .

Таа, исто така, сподели како ја прифатила оваа улога затоа што се разликувала од се што правела претходно.

“Како актерка, секогаш сум на мисија – што можам да направам што не сум го направила досега? Што можам да истражувам? Ова е поле во кое никогаш порано не сум била”, рече таа. „Babygirl“ пристигнува во кината низ САД во декември.