Никол Кидман целосно покриена, а сепак покажа се: Холивудските диви ова не би го облекле

Никол Кидман не ја гледаме толку често во опуштени изданија, но овој пат таа не изненади.

Познатата актерка Никол Кидман моментално се одмара во Сиднеј, каде папараците прилично опуштено ја фотографираа на плажа.

За сите овие години колку што е на естрадата, Никол можевме да ја видиме само во елегантни изданија на црвениот тепих , па фотографиите на кои е во костим за капење се вистинска реткост, особено во ваков модел, што започна полемика.

Актерката била во друштво на својот сопруг, ќерка, сестра и братучетка, а за време на престојот на силното сонце избрала црн едноделен костим за капење со ракави и на тој начин си обезбедила совршена заштита од штетните сончеви зраци.

Извесен период Никол беше мета на негативни коментари бидејќи според некои мислења можеби премногу ослабела. Во секој случај, на 57 години изгледа совршено и се гледа дека се грижи за својот изглед.

Не е толку вообичаено да се види јавна личност во овој најмалку омилен костим за капење, со оглед на тоа дека сите сакаат да бидат што помалку покриени, но Никол е свесна за штетното влијание на сонцето и ризикот од рак на кожата, особено што таа припаѓа на луѓе со екстремно светла кожа.