Најмалку 18 лица од вкупно 80 патници се повредени во авионската несреќа на „Делта ерлајнс“ во Торонто, Канада, а на социјалните мрежи се појави видео од слетувањето на леталото и пожарот што избувна кога удри во земјата.
На снимката се гледа како леталото лета право кон земјата, а потоа при слетувањето го удира малку посилно и во истиот момент избувнува пожар.
Корисниците на социјалната мрежа Х, порано Твитер, го коментираа видеото и изразија неверување како сите патници успеале да преживеат.
„Тоа е вистинско чудо“; „Добро е што никој не умре“; „Неверојатно“, беа дел од коментарите на мрежата Х, каде се појави видеото од несреќата.
Miraculous that all 80 passengers survived today’s crash-landing in Toronto. pic.twitter.com/Iu249zQUvq
— Molly Ploofkins (@Mollyploofkins) February 18, 2025
Шефот на аеродромот во Торонто, Тод Ајткин денеска изјави дека 18 патници кои се повредени во авионската несреќа на „Делта ерлајнс“ се пренесени во локалните болници.
Истрагата за авионската несреќа, која се преврте при слетувањето во понеделникот, е во тек, но Ајткин рече дека пистата на која слета авионот била сува и дека во тоа време немало обратен ветер, пренесува Си-Ен-Ен.
„Причината за несреќата се уште се истражува и ја води Управата за безбедност во сообраќајот. „Не е соодветно за нас да коментираме во овој момент“, рече Ајткин.
Најмалку 18 лица се повредени во понеделникот, од кои три потешко, откако авион на „Делта ерлајнс“ се превртел при слетување на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто.
Меѓу тројцата тешко повредени има и едно дете кое со возило на брза помош било пренесено во детската болница во Торонто.