НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА – Русин со нож си ги убил сопругата и детето, а потоа сам си пресидуил…

Страшна вест пристигнува од соседна Србија. Средовечен маж со остар предмет, најверојатно нож, си ги убил детето и сопругата, а потоа се обесил во стан во Панчево, пишува српски Telegraph.

Злосторството први го пријавиле соседите на несреќното семејство, а се се’ случило во населбата „Котеж 2“ во Панчево.

Како што дознаваат новинарите на споменатиот весник, станува збор за руски државјани, а телата ќе бидат испратени на обдукција. Според достапните информации полицијата и висок јавен обвинител се на терен.

ПанчевосмртСрбијаубиство