Актерот Џо Манганиело конечно официјално ја потврди врската со Кејтлин О’Конор на Инстаграм, неколку дена откако тие наводно почнале да живеат заедно. 47-годишната ѕвезда на Меџик Мајк сподели фотографија за Денот на вљубените со актерката.
Пред објавата на Манганиело, ТМЗ откри дека парот живее заедно. Извор рече дека Манганиело и О’Конор (34) се „многу заљубени“ и ги поврзуваат нивните корени од Питсбург и страста за патување. Кучето на Манганиело, Баблс, исто така „ја одобри Кејтлин“.
За потсетување, романсата на ова дуо доаѓа по разводот на Манганиело со колумбиската ѕвезда Софија Вергара, кој беше финализиран на почетокот на овој месец. Ѕвездата на Modern Family во едно неодамнешно интервју откри дека раскинале затоа што тој сакал деца, а таа не.