Новаинарот на Сител, Мартин Арсов, тврди дека денеска додека во живо известувал од седницата на Град Скопје бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје, која на оваа функција е од април, годинава.
„Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да слушне дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот.Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека имам право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти. Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил“, тврди Арсов.
Тој бара веднаш да реагира Здружениеto на новинари на Македонија – ЗНМ бидејќи, според него ова е класична тортура и притисок врз новинарите.
На денешната седница на Град Скопје, актуелната градоначалничка воопшто не се појави, иако требаше да одговара на советнички прашања.
„Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани“, реагираат од Град Скопје.
Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески, додаваат од Град Скопје, ја прекинал и одложил седницата на која требаше да се најдат неколку инфраструктурни проекти, кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот“, се наведува во нивното соопштение испратено до медиумите.