Новиот Кривичен законик е завршен и доставен на мислење до ЕК

Изготвувањето на новиот Кривичен законик е завршено и истиот е преведен на англиски јазик и доставен на мислење до Европската Комисија, информираат од Министерството за правда. Откако ќе се добие мислење од ЕК, ако нема забелешки Кривичниот законик оди во владина процедура по што се проследува до Собранието. Во Парламентот, Кривичниот законик се носи со обично мнозинство.

Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во 2024 година, во делот за Поглавјето 23 – судство и основни права, оценува дека измените на Кривичниот законик од септември 2023 година ја ослабнаа правната рамка негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, порачувајќи дека земјава во следната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.

Според ЕК, земјава во наредната година треба да донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди.