Илон Маск планира да наплати мала надокнада на новите корисници на платформата X кои сакаат да објавуваат содржина.
Маск ја посочи и причината поради која платформата се одлучила на овој чекор, а тоа е борбата против ботови. Тој вели дека тоа бил единствениот начин да се спречи наездата на бот.
„Тековната вештачка интелигенција (и троловите) лесно можат да го заобиколат тестот „дали си бот““, истакна Маск, посочувајќи на алатки како CAPTCHA.
The policy was initially being tested to help reduce spam and improve the experience for users overall.
— X Daily News (@xDaily) April 15, 2024
Сопственикот на платформата X подоцна додаде дека новите сметки ќе можат да објавуваат содржина на X по три месеци од создавањето, доколку не сакаат да платат такса.
Part of what makes X special is that anyone can just post without paying
— Whole Mars Catalog (Supervised) (@WholeMarsBlog) April 15, 2024
We definitely need to stop the bots, but what about having the option to pay OR do something extremely computationally expensive (like mining some dogecoin or something) https://t.co/F1FGNsYU5S
Засега нема информации кога ќе почне да се применува оваа наплата, и колку ќе треба да платат новите корисници.
Минатиот октомври, X почна да наплаќа по еден долар годишно на непроверени корисници во Нов Зеланд и Филипини. Новите корисници од овие региони, откако креираа сметка, можеа да читаат објави, но не да одговараат на нив или да вршат други интеракции. За објавување содржина, лајкување, повторно објавување, одговарање на содржина и друго, морале да платат такса.
На почетокот на оваа година, X почна да се бори со спам сметките, предупредувајќи ги корисниците дека бројот на нивните следбеници може да се намали.