– На електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени закани за поставени експлозивни направи.
Преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.
Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.