Напаѓачот кој во понеделникот избоде епископ за време на богослужба во црква во Сиднеј се смееше при апсењето!
На шокантната снимка, 15-годишниот напаѓач може да се види како се смее додека верниците и полицијата го држат на подот од црквата.
Ќе се потсетиме, бискупот Мари Емануел бил избоден со нож во понеделникот околу 19 часот по локално време додека проповедал во црквата на Христос Добриот Пастир во Вејкли, западно од Сиднеј. Напаѓачот потоа повредил уште четири присутни лица.
Ова е втор напад со нож во Сиднеј за само 48 часа откако Џоел Кочи (40) уби пет жени и еден маж во трговскиот центар Бонди во источниот дел на градот.
Беседата беше емитувана во живо на Јутјуб каналот на епархијата.
Забележан е човек облечен во темна облека како мирно му приоѓа на владиката. Одеднаш притрчал и неколку пати со нож го избодел владиката, кој паднал на земја, а храбрите верници скокнале од своите места и го бркале напаѓачот.
На новото видео, напаѓачот може да се види како се смешка во камерата додека го држи црковник чии фармерки се извалкани со крв. Медиумите јавуваат дека присутните го совладале и го држеле на подот додека не дојде полицијата.
Владиката Емануел, кој има огромен број следбеници на социјалните мрежи, беше избоден повеќе пати и итно пренесен во болница. На едно видео се гледа како на носилки е префрлен во амбулантно возило.
На улиците околу црквата избувнаа немири додека разбеснетата толпа сакаше да ги фати напаѓачите. Локалната полиција беше принудена да употреби солзавец против гневните жители. На снимките од немирите објавени на социјалните мрежи се гледаат граѓани кои протестираат како фрлаат шишиња и цигли кон полициската бариера.
– Око за око – се слуша на снимката.
Австралиската полиција допрва треба да го потврди идентитетот на напаѓачот.