Ново пукање среде улица: Напаѓачот отвори оган, има мртви и ранети, меѓу нив и полицајци (ВИДЕО)

Ново пукање се случи во САД. Во државата Северна Дакота, во градот Фарго, дошло до пукање во кое еден полицаец е убиен, додека други двајца се тешко ранети. Тешко повреден е и еден цивил.

Според полицијата, овој немил настан се случил кога напаѓачот отворил оган среде раздвижана улица, среде бел ден.

Полицајците потоа возвратиле и го убиле напаѓачот. Нападот се случил попладнево, но од полицијата не соопштуваат кој е мотивот.

Полицијата потоа излезе со соопштение во кое се вели дека е покрената истрага, но без да се соопштат идентитетите на напаѓачите и полицајците вмешани во пукањето.

Органите за спроведување на законот чекаат одобрение од семејствата на жртвите за да го објават нивниот идентитет.