Директорот на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ , се огласи на својот Инстаграм профил, каде објави и видео од изградбата на „храмот“, напоменувајќи дека ова е местото каде неговите „хејтери“ ќе можат да му запалат свеќа. , бидејќи пишуваа дека наводно починал.
Во својата објава на Инстаграм, Митровиќ објави видео од огромната зграда, која е во изградба, најавувајќи дека тоа ќе биде „Храмот на Свети Жекс“.
– Повторно на Твитер пишуваат дека умрев! Тоа е причината поради која брзам да го завршам овој храм на свети Жекс од царството небесно, за твитерџиите да имаат каде да ми „запалат свеќа“ – напиша Митровиќ во описот на видеото објавено на Инстаграм.
Како што пишуваат медиумите, Митровиќ гради нов семеен замок . Оваа џиновска градба е видлива од сите агли на Топчидерска звезда.