Новоизградениот Финансиски центар во Истанбул е уште еден во низата турски мегапроекти што ја има најголемата и најнапредната инфраструктура во светот и сигурно ќе биде гордост на Истанбул и Туркије со својот архитектонски дизајн и извонредните способности и капацитети.
Првата лента е пресечена неделава на церемонија на која присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а со отворањето на првите деловни единици ќе започне со работа комплексот што ќе ги собере големите финансиски институции.
Проектот се реализира под координација на турското Министерство за животна средина, урбанизација и клима. Во продолжение ви пренесуваме пет факти за овој мегапроект.
Модел на паметен град
Финансискиот центар во Истанбул ќе биде домаќин на многу турски и меѓународни гости со своите 1,3 милиони квадратни метри канцелариски простор, 100.000 квадратни метри трговски центар, конгресен центар со 2.100 седишта, хотел со пет ѕвезди и модел на паметен град.
Банкарска фаза
Во првата фаза од отворањето на банките се очекува во Финансискиот центар во Истанбул да бидат сместени уште многу значајни банки и финансиски институции од Туркије и странство.
Во банкарската фаза од почетокот на работењето на големиот финансиски проект ќе бидат отворени деловните единици Вакифбанк, Зираат Банк и Халк Банк.
Забележан е огромен интерес за канцелариски и малопродажни простори во рамките на тој проект.
100.000 посетители дневно
Центарот има 21 деловен објект опремен со најсовремена технологија. За канцелариите и за трговскиот центар имаше поголема побарувачка од нивниот капацитет многу пред отворањето. Проектот, кој ги собира сите системи за управување во зградите од класа А под еден покрив, е дизајниран според највисоките светски стандарди и според моделот на паметен град. Сите канцеларии во проектот се опремени со прозорци со отворање и системи за вентилација со УВ-филтер.
Трговскиот центар, кој ќе биде домаќин на 100.000 посетители дневно, ќе содржи продавници на домашни и странски светски познати ресторани и малопродажни брендови.
Над три километри улици и плоштади
Ќе овозможи шопинг под отворено небо на два ката, кои опфаќаат вкупно 3,3 километри улици и плоштади. Во текот на денот ќе се нуди широк спектар на услуги и брендови, со гастрономија, облека, технологија, уметност, забава и други малопродажни категории во самиот центар.
Хотел со пет ѕвезди
Лоциран во Финансискиот центар во Истанбул, хотелот со пет ѕвезди е дизајниран за долгорочно сместување, имајќи ги предвид потребите на посетителите. Ќе има 325 соби и приближно 80 типа соби погодни за долгорочно сместување.
ИЗВОР: ТРТ БАЛКАН