На социјалната мрежа Твитер, сега попозната како Х, верификуваниот профил World of Statistics објави интересна информација за највисоките лидери во светот, а во статистиката се вклучени и сегашните и поранешните претседатели на држави ширум светот.
Соседна Србија е прва во светот во оваа категорија и за тоа е „виновен“ претседателот Александар Вучиќ – официјално највисокиот претседател во светот со висина од 199 сантиметри.
Потоа, по него второто место го делат Шарл де Гол (196 см) и Мило Ѓукановиќ (196 см), а на третото место се Доналд Трамп и Фидел Кастро со висина од 190 сантиметри.
Жак Ширак и Башар ал Асад (189 см) го делат четвртото место, Имран Кан, Садам Хусеин и Џастин Трудо (188 см) се на петтото место, а погледнете ја целосната листа подолу.