Оваа вкусна храна е најдобра за здравјето на очите

Додека морковите со децении се сметаат за најдобар избор на храна за здравјето на очите, новото истражување покажува дека ф’стаците може да бидат уште поефикасни.

Научниците од Универзитетот Тафтс во Масачусетс открија дека само 57 грама ф’стаци дневно може значително да придонесат за здравјето на вашите очи.

Ф’стаците содржат антиоксиданс лутеин, кој е клучен за зголемување на „оптималната макуларна густина на пигмент“ (MPOD), кој помага во филтрирање на светлината од екраните, ја штити мрежницата и го намалува ризикот од дегенерација на очите.

“Нашата студија покажува дека ф’стаците не се само вкусна закуска, туку можат да бидат одлични и за здравјето на вашите очи. Јадењето мала количина секој ден може да помогне да го заштитите вашиот вид, особено додека стареете”, рече д-р Тами Скот. невропсихолог кој ја водел студијата.

Во еден експеримент, возрасните учесници кои имале низок внес на лутеин јаделе 57 грама ф’стаци дневно, со што го удвојувале внесот на овој важен антиоксиданс.

За само шест недели, групата забележа значително зголемување на MPOD, што беше потврдено со прецизни мерења.

Ф’стаците се богат извор на хранливи материи, вклучувајќи есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси.

Лутеинот, кој може да се најде и во друга храна како што се брокулата и темнозелениот лиснат зеленчук, подобро се апсорбира од телото кога се зема со природни масти, како што се ф’стаците.

Ова е една од причините зошто ф’стаците се толку ефикасни за подобрување на здравјето на очите, пишува Екпрес.