Валентина Гузман Мурило (12) и нејзината мајка Лизет Мурило Осуна (31) од Енсанада загинаа во авионската несреќа заедно со медицинскиот персонал. Тешко болното девојче беше на неколкумесечно лекување во Филаделфија.
Валентина боледувала од тешка болест
Според пријателите, Валентина страдала од тешка малформација на ‘рбетниот мозок (миеломенингоцела). Таа беше отпуштена од детската болница „Шринерс“ во Филаделфија во петокот.
По падот на авионот, шокиран семеен пријател изјавил дека девојчето храбро се борела со тешка болест и парализа и дека била подложена на месечна терапија.
– Овде си имаме работа со борец. И покрај сериозноста на болеста, Валентина ги надмина сите очекувања. Нејзината самохрана мајка неуморно се борела да и’ го пружи најдобриот можен живот на својата ќерка и покрај финансиските тешкотии, изјави Цезар Еспарза.
Авионот експлодирал 30 секунди по полетувањето
Леарџет 55 „Jet Rescue Air Ambulance“, кој се користи за медицински транспорт, полета од Филаделфија во петокот во 18:06 часот (по локално време). Само 30 секунди подоцна, авионот експлодирал на височина од само 500 метри среде градот.
Во несреќата загинаа сите патници и едно лице кое било во близина
Родниот град на Валентин и нејзината мајка потврдија дека мајката и ќерката починале во неделата и најавија дека ќе пружат психолошка поддршка на роднините и пријателите, како и дека ќе помогнат во транспортот на телото, објави Билд.
– Градската власт ќе се погрижи нивните семејства да ја добијат потребната поддршка навремено и ефикасно – рече градоначалничката на Енсенада, Клаудија Агатон Муњиз.
Од авионот нема преживеани
За потсетување, двомоторен медицински транспортен авион со болно дете, неговата мајка и уште четири лица се урна во петокот во авионска несреќа во близина на трговски центар во североисточна Филаделфија.
Најмалку 22 лица се повредени на теренот. Петмина се во болници, тројца во критична состојба. Причината за падот се уште се истражува. Се сомнева дека протекоа цистерните со кислород во авионот, кои се користеа за вентилација на девојчето.
Во авионот имало и четворица членови на екипажот, пилот, копилот, болничар и лекар, сите мексикански државјани .
Несреќата се случи само два дена откако авион на Американ ерлајнс се судри со воен хеликоптер во Вашингтон, при што загинаа 67 лица.