Овие фотографии најдобро ја опишуваат катастрофата во Јабланица: Водата, песокот и калта го уништија градот! (фото/видео)

Разорните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина предизвикаа огромни штети и однесоа најмалку 20 животи, додека по уште многу сè уште се трага.

По обилните врнежи, поплави зафатија многу места. Катастрофа е забележана во општините Јабланица, Кисељак, Крешево, Коњиќ и Фојница.

Според последните информации, во катастрофалните поплави во Јабланица животот го загубија 16 лица, додека сè уште трае потрагата по десетици исчезнати лица, која продолжува од раните утрински часови.

Bо Доња Јабланица и утринава новинарите се на лице место. Фотографиите од воздух го покажуваат обемот на катастрофата што ја остави поплавата.