Овој начин на конзумирање на портокалите е најдобар за целокупното здравје

Портокалите се меѓу најпопуларните и најздравите овошја што ги консумираме. Богати се со витамин Ц, антиоксиданси, влакна и минерали, кои го зајакнуваат имунитетот, придонесуваат за здравјето на кожата и кардиоваскуларниот систем. Но, кога станува збор за конзумирање на портокали, се поставува прашањето: дали е подобро да се јадат цели портокали или да се исцедат и да се испие природниот сок?

Јадење цел портокал

Кога јадеме портокал, внесуваме диетални влакна, кои се важни за здравјето на дигестивниот систем. Влакната помагаат во регулирањето на варењето, го намалуваат холестеролот и го поддржуваат здравјето на цревата. Со конзумирање цели портокали, внесуваме и антиоксиданси, како што се флавоноиди, кои можат да помогнат во борбата против слободните радикали и да го намалат воспалението.

Со конзумирање цели портокали, обезбедуваме и апсорпција на целиот витамин Ц, кој се наоѓа во месото и кората на портокалот. Овој витамин помага да се зајакне имунитетот, да се одржи здравјето на кожата и да се подобри апсорпцијата на железо. Препорачуваме да јадете цел портокал како ужина, додавајќи ги во смути или овошни салати.

Исцеден сок од портокал

Сокот од портокал е одличен начин за брзо внесување на голема количина на витамин Ц и антиоксиданси. Сепак, важно е да се нагласи дека при цедењето портокали, најголемиот дел од влакната исчезнуваат. Ова значи дека иако ќе уживате во високо ниво на витамини и минерали, сокот од портокал нема да ги обезбеди истите нутритивни придобивки што ги нуди цел портокал во однос на здравјето на дигестивниот систем.

Покрај тоа, ако купувате сокови, тие често содржат додадени шеќери и конзерванси, па затоа најдобро е да пиете свежо цеден сок од цели портокали. Меѓутоа, доколку се консумира умерено, природниот сок може да биде корисен за зајакнување на енергијата и хидратацијата.

Ве советуваме, доколку сакате природен сок од портокал, да го пиете веднаш по цедењето за да зачувате што повеќе хранливи материи. Се препорачува да се пие една чаша сок дневно, бидејќи прекумерното внесување може да го зголеми внесот на шеќер и калории, особено во комбинација со друго овошје.

Исцеден сок или овошје, што е подобро за здравјето?

Додека сокот од портокал може да биде одличен начин да ги добиете витамините, целите портокали се подобар избор кога станува збор за целокупното здравје и долгорочните здравствени придобивки од неколку причини. Влакната во целите портокали помагаат во контрола на тежината, одржување на здрав дигестивен систем и може да го намали ризикот од срцеви заболувања.