Овој пијалок го намалува ризикот од деменција за 25 проценти

Знаеме сè повеќе за здравјето на мозокот, но бројот на случаи на деменција продолжува да расте.

Проценките покажуваат дека бројот на нови случаи би можел да се удвои до 2060 година. Со оглед на тоа колку се прошири знаењето за мозокот и превенцијата на болести, овие информации се особено загрижувачки. Заедно со генетиката и начинот на живот, исхраната исто така игра клучна улога во превенцијата.

Една голема јапонска студија ја испитуваше поврзаноста помеѓу внесот на зелен чај и ризикот од деменција . Во студијата учествуваа повеќе од 13.000 возрасни лица кои беа следени во просек 11,5 години. Испитаниците пополнија прашалници за фреквенцијата на консумирање пијалоци како што се чај и кафе, и беа евидентирани сите случаи на деменција дијагностицирани во тој период.

Резултатите покажаа дека оние кои пиеле најмалку 600 милилитри зелен чај дневно имале 25 проценти помал ризик од деменција во споредба со оние кои пиеле помалку од 94 милилитри.

Слични антиоксиданси се наоѓаат во темното чоколадо, црешите и бобинките.

Ефектот не бил ист кај оние кои консумирале големи количини кафе со зелен чај.

„Додавањето кафе во големи количини зелен чај не го намали дополнително ризикот “, објавуваат авторите на студијата, објави EatingWell.

Можно е комбинацијата од големи количини на кофеин да има негативен ефект бидејќи некои испитаници го надминале препорачаниот дневен внес на кофеин. Исто така, зелениот чај и кафето содржат различни растителни соединенија кои можат да имаат спротивен ефект.

Зелениот чај е особено богат со антиоксидансот EGCG, кој според претходните истражувања може да го намали воспалението и наталожувањето на протеини поврзани со Алцхајмеровата болест. Иако другите видови чај имаат придобивки, зелениот чај има највисока концентрација на корисни соединенија.