ОВОЈ РАН СИМПТОМ НА ХОЛЕСТЕРОЛ СЕ ПОЈАВУВА НОЌЕ: Лекарите открија што е тоа

Високиот холестерол е се почест , а ова се првичните симптоми кои не треба да ги игнорирате.

Според Клиниката во Кливленд, првите симптоми на покачен холестерол се обично болка, грчеви и непријатно чувство во нозете.

Зголемениот холестерол е еден од клучните фактори за развој на болести на срцето и крвните садови. Некои симптоми може да се појават во рана фаза, односно откако плочата штотуку почнала да се акумулира во артериите, тврдат лекарите, а првите знаци на оваа состојба најчесто се појавуваат ноќе.

Според Експрес, избегнувањето третман за високо ниво на холестерол е една од главните причини за таложење на наслаги во артериите. Покрај тоа, постои намалување на протокот на крв во крвните садови.

Д-р Адам Стејтен вели дека ова значи дека мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест, пренесува Express.co.uk.

– Тоа е истиот процес што доведува до срцев и мозочен удар, но со оваа состојба првенствено се засегнати артериите на нозете, а поретко на рацете – додава д-р Стејтен.

Според Клиниката во Кливленд, првите симптоми на висок холестерол кај болестите на периферните артерии се обично болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.