Ракот на грлото на матката во раните фази е речиси асимптоматски. Единственото нешто што може да ја предупреди жената во овој период е необичен воден исцедок или оној со згрутчување, велат онколозите.
Еве ги симптомите кои сигнализираат аларм и итна посета на лекар.
Кога ракот е во најраните фази и сè уште не е видлив, може да се открие само врз основа на резултатите од хистологијата и биопсијата. Лекарите ги препишуваат овие тестови доколку при прегледот се посомневаат дека нешто не е во ред со грлото на матката. Во оваа фаза, неоплазмата (туморот) најчесто нема никакви придружни симптоми.
Според онколозите, знаците на болеста се појавуваат, по правило, откако туморот, кој се уште е во грлото на матката, ќе порасне толку многу што лекарот веќе може да го види за време на прегледот. Оваа фаза сè уште се смета за рана, но знаците како што се крвав или воден исцедок, како и крварење после секс, може да се појават во овој период.
Друг симптом на рак на грлото на матката на кој треба да внимавате е поврзан со циклусот. За време на менструацијата се јавуваат силни болки, а лекарите објаснуваат како се јавува.
Кога туморот ќе се прошири на страна, односно на ѕидот на карлицата, може да протурка низ уринарниот канал, нервите, лимфните садови, тогаш има болка, понекогаш отекување на едната нога, а често и грбот повеќе боли. Овој симптом не е класифициран како ран знак на рак, но сосема јасно укажува на присуство на сериозен здравствен проблем.