Омилената пејачка беше замразена преку ноќ – и сето тоа поради Доналд Трамп 

Никому не му се допадна тоа што го напиша…

Иако претседателските избори во САД одамна завршија – со победата на Доналд Трамп , американската јавност не престанува да зборува за тоа.

Мета на критики сега стана и популарната пејачка Никол Шерцингер , која ја налути јавноста со еден нејзин чин, поточно – со реченица.

Имено, контроверзниот комичар и актер Расел Бренд за време на изборниот ден во Америка објави фотографија со црвена капа, а пораката привлече внимание.

„Make Jesus First Again“ , алудирајќи на добро познатиот слоган на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година – „Make America Great Again“ .

Оваа негова реченица многумина ја протолкуваа како форма на поддршка, веќе сега, за претседателот на САД, Доналд Трамп .

Набргу потоа, Никол Шерцингер, како што пренесува „Дејли мејл“, ја коментирала фотографијата на Расел. Таа напиша:

„Каде можам да ја добијам таа капа? , прашала пејачката, а на корисниците на Инстаграм не им требаше многу време да ја нападнат.

Омилената пејачка беше замразена преку ноќ, а сето тоа поради нејзината поддршка за Доналд Трамп.