Омилено слатно задоволство на Кејт Мидлтон според рецептот на Џејмс Оливер: Тоа е калорична бомба, но ни принцезата од Велс не може да и каже НЕ

Принцезата Кејт Мидлтон многу внимава што јаде и во кое време. Дисциплинираниот начин на живот кој вклучува здрава храна и умерена физичка активност е одговорен за нејзината витка линија.

Сепак, таа, како и сите други жени во светот, понекогаш им подлегнува на предизвиците, а пудингот од карамела дефинитивно е нешто на кое не може да му каже „НЕ“.

Деликатесот наречен „Sticky toffee pudding“ или во превод леплив пудинг од карамелае омилениот деликатес на принцезата од Велс, на кој таа му остана верна уште од детството. Овој деликатес има долга традиција во британската историја.

Оваа слатка има многу калории, но е толку вкусна што дури и принцезата е подготвена да „замижи“ кога е во прашање. Кејт често ја јаде оваа торта во малиот ресторан „Old Boot Inn“ каде поминувала многу време како дете.

“Кејт е дискретна кога пристигнува и има само убави зборови за персоналот. Таа е љубезна и секогаш му дава комплименти на готвачот кој го подготвува нејзиниот совршено влажен и пенушав пудинг од карамела”, изјави готвачот за магазинот People.

Еве како омилениот десерт на Кејт Мидлтон го прави познатиот британски готвач Џејми Оливер . Можете да го прилагодите рецептот по вкус , а ова е оригиналниот рецепт

Компоненти:

  • 200 гр свежи урми
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 80 гр стопен путер
  • 170 гр шеќер
  • 2 големи јајца
  • 170 гр брашно
  • ¼ лажичка мелен цимет
  • 2 лажици млеко
  • 2 супени лажици јогурт

За карамел сос:

  • 115 гр путер
  • 115 гр лесен шеќер
  • 140 мл слатка павлака

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180ºC. Урмите ставете ги во сад со сода бикарбона и прелијте ги со 200 мл топла вода. Оставете ги да отстојат неколку минути да омекнат, па процедете ги. Урмите изблендирајте ги во блендер додека не добиете пире.

Во меѓувреме со дрвена лажица измешајте ги путерот и шеќерот, додадете ги јајцата, брашното, циметот и млекото. Добро измешајте, па додајте јогурт и кашести урми.

Истурете во огноотпорен сад намачкан со путер или во калап наменет за тоа и печете во загреана рерна 35 минути.

Додека се пече пудингот, направете го сосот така што на тивок оган ќе ги ставите путерот, шеќерот и слатката павлака додека не се растопи шеќерот и сосот не се згусне и потемни.

За послужување со лажица, ставете го пудингот на масата и прелијте го со сосот од карамела.