„Опколете ги, нека умрат од глад“, израелски министри до армискиот челник за операцијата во Газа

– Израелските министри од крајната десница отворено говореле за изгладнување на населението во Газа за време на состанокот на Кабинетот, предизвикувајќи жестока конфронтација со началникот на војската, Ејал Замир, околу тековната воена стратегија на Израел, јавија денес израелските медиуми.

Конфронтацијата се случила за време на дискусиите доцна синоќа за „Операцијата Гидеонови кочии 2“, планирана офанзива од големи размери проследена со масовна евакуацја на градот Газа.

Министерот за финансии Безалел Смотрич побара построги мерки против Палестинците кои не сакаат да заминат.

„Ви наредивме (да спроведете) брза операција. Според мене, можете да им извршите опсада. Кој не се евакуира, не дозволувајте им. Без вода, без струја – нека умрат од глад или нека се предадат. Ова е она што го сакаме, а вие сте способни (да го реализирате тоа)“, објави Канал 12 цитирајќи го.

Замир возвратил, предупредувајќи дека произволните временски рокови се воено нереални и зависат од условите на бојното поле.

„Дејствуваме во други области, во Кан Јунис и Рафа“, рече тој, нагласувајќи дека „воената реалност бара време и внимателно планирање“.

Конфронтацијата ескалирала уште повеќе кога министерот за национална безбедност од крајната десница, Итамар Бен Гвир, се вмешал, обвинувајќи го Замир за двоумење, прашувајќи го дали „се плашите од генералниот воен адвокат“.

Потоа Смотрич го обвинил Замир дека не ги почитува политичките наредби и блокира одлучена акција, велејќи: „Ова не е она што го нареди политичкото раководство. Не сакате да го поразите [Хамас]“.

Замир возвратил: „Не разбирате ништо. Не знаете што е бригада, што е баталјон. За тоа треба време.“

Според Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и високите министри, меѓу кои Израел Кац и Рон Дермер, во текот на конфронтацијата молчеле, само укажувајќи на „зголемениот притисок од САД“ за брзи решенија.

Кабинетот треба повторно да се состане во вторник за да ги продолжи разговорите за офанзивата во Газа и потенцијалниот договор за размена на затвореници, објави „Тајмс оф Израел“.

Израел уби повеќе од 62.600 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите.