Навивачите на Партизан им приредија спектакуларен пречек на своите кошаркари во хотелот по триумфот над Виртус.
Црно-белите го совладаа Виртус на гости во 25. коло од Евролигата со резултат 81:71.
Еден од хероите на триумфот беше Аријан Лакиќ, кој со својата борбеност и неверојатна енергија ги освои срцата на навивачите.
Воодушевените Гробари кои масовно го следеа натпреварот во живо, на своите кошаркари им приредија незаборавен пречек во хотел во Болоња.
Во центарот на вниманието беше Аријан Лакиќ, чие име го скандираа воодушевените фанови.
Погледнете како тоа изгледаше: