Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека имајќи ја предвид временската прогноза, зголемената подготвеност во одбраната од поплави ќе мора да остане на сила уште шест дена, до следниот четврток.
Орбан на прес-конференцијата ги пофали службите кои работат на заштита од поплави, наведувајќи дека се ангажирани значителен број волонтери и дека координацијата меѓу државните и општинските органи за цивилна заштита досега била непречена, пренесува МТИ.
Сега можеме да кажеме: не се случува ништо што досега не сме го виделе и нема опасност што не сме го избегнале барем еднаш“, рече унгарскиот премиер. Тој додаде дека ситуацијата е сериозна, но дека „нема потреба од брзање“ и дека „се ќе биде во ред“ доколку сите останат таму каде што треба за време на викендот.
Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на викендот, според прогнозите на метеоролозите.
Во Унгарија, која се бори со поплави откако циклонот Борис предизвика обилни врнежи во областа на централна Европа, ситуацијата е најкритична во селото Кисмарос, каде што локалното население веќе користи чамци на улиците, додека населението на Градот Баја се подготвува за најголемата поплава во последните 11 години.
Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении погодија делови од Полска, Чешка, Романија, Австрија и Словачка и однесоа најмалку 24 животи.