Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола дефинитивно се раздели од сопругата Кристина Сера по 30 години заедно. Оваа вест во Шпанија предизвика големо внимание, бидејќи се знаеше дека најголемиот фудбалски тренер во светот има хармоничен брак, во кој добија три деца, ќерките Марија (24), Валентина (17) и синот Мариус (22) .
Сепак, според шпанските медиуми, Пеп и Кристина решиле да го прекинат бракот во декември и побарале од блиските пријатели да не откриваат детали за новинарите. И навистина, малку „протече“ за нивниот развод во првите 12 часа по објавувањето на веста, освен сознанието на репортерот кој ја објави веста дека тие не раскинале поради трето лице.
– Ова беше внимателно разгледана одлука, за која разговараа неколку месеци. Тие ќе продолжат да имаат топла и приврзана врска и важно е да се истакне дека ниту една трета страна не е вклучена во оваа разделба. Ќе продолжиме да ги гледаме заедно во иднина. Малкумина знаеја за ова – изјави Лорена Васкез, шпанска репортерка.
Исто така, познато е дека Гвардиола повеќе нема да живее во нивниот заеднички дом во луксузен дел на Барселона. Се очекува Кристина да остане да живее во вилата, која менаџерот на Манчестер Сити ја купи од руски бизнисмен во февруари 2021 година. Купувањето е направено преку сметката на компанијата што Гвардиола ја води заедно со сопругата и на Русинот му биле исплатени 10 милиони евра. Вилата има четири ката и се наоѓа во областа на градот наречена Carretera de les Aguas. Целиот имот се простира на 2.000 метри квадратни, а куќата на 750 метри квадратни. Во дворот има огромен базен.
Кристина Сера се врати во Барселона пред две години и го остави Пеп зад себе во центарот на Манчестер, а шпанскиот весник El Confidencial го опишува нивниот дом како совршен за приватност, бидејќи е тешко да се каже кога некој доаѓа и заминува.
Наводно, семејството кон крајот на декември било заедно во вила во Барселона и заедно го поминале Божиќ. Очигледно, веќе во тоа време, сопружниците Пеп и Кристина се разделија.