На профилот на Инстаграм на Јелена Ѓоковиќ често можете да најдете совети за воспитување деца, како и некои насоки за книги за воспитување или стручни совети. Таа често споделува и здрави рецепти
Јелена Ѓоковиќ е задолжена за хранење на своите деца, се труди да ги натера да јадат разновидна храна и еве што може да се најде на нивното мени.
Често на Инстаграм профилот на Јелена Ѓоковиќ можете да најдете совети за воспитување деца, како и некои упатства за книги за родителство или стручни совети. Таа често споделува и здрави рецепти.
Таа повеќепати отворено зборувала на тема исхрана и фактот дека во нивното семејство доминира веганско мени. Познато е дека овој успешен брачен пар се храни здраво, а многумина се прашуваат што има на менито на нивните деца.
И за време на карантинот, во 2020 година, Јелена одговараше „во живо“ на прашањата на следбениците на Инстаграм, а едно од најчесто поставуваните беше точно каква храна јадат Стефан и Тара:
„Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа се префрли на растителна исхрана и одлично се чувствува, здрав е, а Тара е на растителна исхрана од почеток до крај, фала Богу никогаш немавме проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана, јадат компири како луди и краставици и моркови без проблем. И им давам многу смути и зеленило, сето тоа го мешам и некои деца се генијалци и одма јадат се, моите деца веќе не јадат марула ама не ме фаќа паника оти им давам преку суплементи или шејкови. И не пржиме туку вариме, јадат варени компири или пире“, објасни Јелена.
Кога Стефан бил мал, Јелена зборувала за тоа и каква каша му подготвувала. Пирето од банана и авокадо е секогаш добро решение – објасни Јелена и истакна дека храната по потреба ја засладува со мед, рогач во прав, сируп од агава, јаворов сируп.
“Сакам да подготвувам се навечер бидејќи моето малечко е утринска птица полна со енергија штом ќе се разбуди. Затоа на сите им планирам утрински оброци навечер. Ми требаат пет минути”, рекла Јелена, и ги советуваше другите да си играат со состојките, додавајќи дека вкусната храна не мора да се обработува, таа може да биде свежа и здрава.
Во една прилика открила рецепт за каша, кој сака да го подготвува, а главни состојки се овес, путер од лешник, мелен афион, какао, мелено семе чиа, лен, билка лукума, хељда, сусам и оризово млеко со кокос, малку овошје на врвот.