Откриено што навистина се случува со кралицата Камила! Гласините за нејзината состојба ги загрижија сите: Eдна работа најмногу ја мачи (ФОТО)

Откако беше објавено дека кралицата Камила нема да ги извршува кралските должности поради своето здравје, сега пристигнаа и нови вести.

Кралицата Камила се повлече од функцијата минатата недела поради инфекција на градниот кош. Таа го пропушти Фестивалот на сеќавањето и церемонијата на Меморијалниот ден во сабота и недела со цел целосно да се опорави и да не ги изложи другите на ризик.

Извор близок до нив откри што се случува со сопругата на кралот Чарлс.

Нови детали за состојбата на кралицата Камила 

Британската кралица денеска се враќа на должност, пишува Sky news. Таа денеска ќе биде на доделувањето на Букеровата награда во Кларенс Хаус, но ќе остане пократко од планираното. Таа ќе се појави утре на прием во Палатата кај кралот Чарлс, настан посветен на британската филмска и ТВ индустрија, но нема да остане до крајот на настанот.

Се верува дека промените во нејзиниот распоред се направени за да ја заштитат и да и’ дадат приоритет на нејзиното континуирано закрепнување бидејќи лекарите сакаат да избегнат какви било компликации предизвикани од сезонскиот грип.

На кралицата Камила и’ беше тешко да не можеше да се појави на настаните за Денот на сеќавањето.  Чарлс Трети беше придружуван од неговата сестра принцезата Ана, која се грижеше за нејзиниот брат, кој се бори со ракот.

Кејт Мидлтон се појави на двата настани во Лондон и направи два важни ангажмани два дена по ред , речиси една година откако беше оперирана во британската престолнина и седум и пол месеци по објавата дека боледува од рак.