Манчестер Сити започна вистински ремонт на тимот во 2025 година, па денеска за два дена пристигна второто од трите засилувања – бразилскиот дефанзивец Витор Реис.
Англискиот гигант, кој го потресоа лошите резултати во првиот дел од сезоната и многу негови играчи влегуваат во доцните играчки години, сака да го освежи тимот со плејада млади и скапи играчи, а денеска го потпиша вториот во низа за клубот.
Откако вчера од Ленс беше донесен Узбекистанецот Абдукодир Хусанов за 40 милиони евра, денеска и официјално беше претставен младиот Витор Реис кој беше доведен од Палмеирас.
Овој 19-годишен стопер се истакнува во бразилскиот фудбал и игрите во дресот на овој гигант го сврте вниманието кон себе. Најблиску до неговиот потпис долго време беше Реал Мадрид, но на крајот Манчестер Сити беше поупорен и поконкретен и го финализираше трансферот.
Младиот фудбалер потпиша договор до летото 2029 година и веднаш ќе им биде на располагање на тимот на Пеп Гвардиола исто како и Хусанов. Тие би можеле да дебитираат веќе викендов на натпреварот против Челзи во Премиер лигата, бидејќи утре во натпреварот од Лигата на шампионите немаат право на настап поради регистрација.
„Возбуден сум што ќе играм за Манчестер Сити, еден од најголемите клубови во светот. Сите ги видоа нивните неверојатни достигнувања во последните сезони, но сакам да оставам свој белег додека ги освојуваме уште повеќе“, изјави младиот Реис на лансирање.
Спортскиот директор на Манчестер Сити, Тксики Бегиристајн изјави дека тој е еден од најголемите таленти во светот, и дека клубот го следи долго време.
По Хусанов и Реис, наскоро се очекува да биде финализиран и трансферот на Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт. Овој трансфер ќе биде најскап бидејќи Германците од Сити ќе инкасираат приближно 70 милиони евра.