Охридскиот аеродром има регистрирано 20 отсто повеќе патници од лани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека позитивен наод од посетата е тоа што има пораст на патниците на овој граничен пункт, како и на сите гранични точки во рамките на Регионалниот центар – Запад.

„Во споредба со истиот период лани, годинава имаме зголемување за околу 20% на патници на граничниот премин аеродром, а околу 30% на граничниот премин Блато кај Дибра. Се фокусираме на зголемување на техничките услови и човечките капацитети со кои ќе можеме адекватно да одговориме на зголемениот број на патници што го имаме во овој период. туристите можат да ги видат убавините на Охрид и Македонија“, нагласи министерот Тошковски.

Тошковски потенцираше дека МВР и охридската подрачна полиција ги преземаат сите неопходни мерки сите туристи во претстојната сезона да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамките на охридската подрачна полиција, така и низ целата држава.