Белата куќа се најде под засилени безбедносни мерки по убиството на конзервативниот активист и близок соработник на Доналд Трамп, Чарли Кирк, пишува „Вашингтон пост“.
„Судејќи според сè, околу Белата куќа е поставена широка безбедносна ограда “, се наведува во извештајот.
Убиство на соработник на Трамп
Пукањето се случило за време на масовен настан на Универзитетот Јута Вали во среда. Кирк бил застрелан додека одговарал на прашање за трансродовите лица за кои рекол дека биле вмешани во пукањата во училиштата.
Според очевидци, куршум го погодил во вратот. На почетокот беше објавено дека активистот преживеал и е во критична состојба, но подоцна американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди неговата смрт и изрази сочувство до семејството на убиениот.
ФБИ сè уште го бара вооружениот напаѓач. Двајца осомничени беа приведени веднаш по инцидентот, но набрзо беа ослободени поради недостаток на докази.
Кој беше Чарли Кирк?
Во 2012 година, Чарли Кирк ја основа организацијата Turning Point USA, која се фокусираше на ширење на конзервативни вредности во образовните институции. Тој беше препознатлив по своите јавни настапи во формат на отворен микрофон на американските универзитети, каде што често влегуваше во живи дебати со студенти со демократски склоности.
Неговите социјални мрежи ги следеа повеќе од 20 милиони луѓе, а видеата од дебати во кои тој ги критикуваше прогресивните идеи забележаа милиони прегледи.
Во своите јавни настапи, Кирк често ги критикуваше властите во Киев, остро се спротивставуваше на американската воена помош за Украина и се залагаше за обновување на дипломатските односи со Русија. Тој беше еден од најгласните промотори на политиката „Америка на прво место“ на Доналд Трамп.