Според новото истражување, разликата во годините меѓу партнерите може значително да влијае на времетраењето на врската. Колку е поголема разликата во годините, толку е поголема веројатноста дека врската ќе се распадне.
Истражувањето, кое опфатило 3.000 испитаници, покажало дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од паровите на иста возраст. Овој процент се зголемува на 39 отсто за парови со 10-годишна разлика во возраста, додека за парови со 20-годишна разлика, истражувањето предвидува 95 отсто шанса за раскинување.
Од друга страна, најмали шанси за раскинување имаат паровите со само една година разлика, со само три проценти. Експертите за врски како Дејвид Бенет сугерираат дека овие правила помагаат да се најдат партнери со слични интереси, што овозможува подобра комуникација и подолг заеднички живот.
Сепак, тие нагласуваат дека овие упатства треба да се водат со претпазливост, бидејќи поединците со голема разлика во години можат да изненадат со својата зрелост и однесување, создавајќи стабилна и трајна врска, пишува „ Јаху “.