Партнерката на Бред Пит воодушеви со својата елеганција на црвениот тепих: Го истакна деколтето со сребрен фустан

Синоќа, Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон се појавија на црвениот тепих во Лондон на премиерата на филмот „Ф1“, а Рамон привлече посебно внимание со своето модно издание.

За оваа пригода, де Рамон се одлучи за долг сребрен фустан со светки, со уникатен крој кој го истакнуваше нејзиното деколте.

Комбинацијата ја надополни со суптилни парчиња накит, како што се сребрени обетки, а модното издание го заокружија сребрени потпетици и сребрена чанта со реси.

Со пуштена коса и едноставна шминка, фокусот на нејзината облека беше фустанот. Пит се одлучи за елегантно темнозелено одело за пригодата, кое го надополни со сатенски шал околу вратот.

Инес де Рамон и Бред Пит (Фото: EPA-EFE)

Посебен момент на црвениот тепих што ја покажа блискоста на двојката беше кога де Рамон нежно го намести шалот околу вратот на Пит.

Додека одеа по црвениот тепих, двојката разменуваше насмевки и се упати кон филмската премиера во добро расположение.