Пасошот на Мерилин Монро и фотографија со посвета продадени за неверојатна сума

Потпишана фотографија од пасош на актерката Мерилин Монро – направена на денот кога таа беше на меден месец во Јапонија со својот нов сопруг, легендата на Јенкис, Џо Димаџо, во 1954 година – е продадена на аукција за повеќе од 21.000 долари, поточно 21.655 долари.

На малата фотографија со димензии 5,7 x 7 см имаше посвета напишана со црвен молив – „Господине Болдс, ви благодарам и со најдобри поздрави, Мерилин Монро Димаџо“, пишуваше на неа.

Двојката, пишува „Њујорк пост“, отишла во федералната зграда во Сан Франциско на 29 јануари 1954 година за да земе пасоши за нивниот меден месец и службено патување во Јапонија. Сепак, тогаш 27-годишната Монро, чие вистинско име е Норма Џин Мортенсон, немала фотографија за документот, па Џо импровизирал и отишол во блиската фото-кабина и направил неколку копии.

Актерката потпиша една од копиите до службеникот за пасоши Хари И. Болдс.

Двојката, која беше во брак девет месеци, отиде на патување во Јапонија за да ја прослави својата свадба, но и поради деловни обврски – Монро отпатува во Кореја во февруари за да настапи пред американските војници, а Димаџо работеше со јапонските бејзбол тимови како подготовка за сезоната.

Патем, Димаџо беше вториот од трите сопрузи на актерката. Првиот беше полицаец од Лос Анџелес, Џејмс Доерти, додека третиот беше драматургот Артур Милер, од кого се разведе кратко пред нејзината смрт на 36-годишна возраст.