Менаџерот на Манчестер Сити и еден од најдобрите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола, објави дека нема да тренира никого по неговиот престој на „Етихад“, барем засега, а опцијата за пензионирање не е невозможна.
За Пеп Гвардиола, најтешката сезона во кариерата е при крај. Тој остана без сите трофеи во Манчестер Сити, а можеше да се утеши со фактот дека сè уште е во игра за ФА Купот.
Иако постоеше можност да го напушти Манчестер Сити, на средината од сезоната го продолжи договорот што го врзува со клубот од Манчестер до 2027 година.
Гвардиола сега за ESPN Brazil изјави дека дефинитивно нема да тренира никого откако ќе заврши со Манчестер Сити, дека ќе направи пауза и дека не е сигурно дали воопшто ќе ја продолжи кариерата.
„Сакам луѓето да ме паметат како што сакаат. Откако ќе го истечам договорот со Сити, престанувам да работам. Не знам дали тогаш ќе се пензионирам, но дефинитивно ќе направам пауза“, изјави Гвардиола за ESPN Brasil во втората епизода од серијата „Премиер лига средби“.
Она што многумина ги интересира е прашањето зошто Манчестер Сити беше толку лош оваа сезона.
„Беше година на одлично учење за сите. Не постои само една причина зошто оваа година беше толку тешка, има многу детали како што се погрешните одлуки што ги донесов. Значи, тоа беше година во која научив многу“, истакнува експертот од Каталонија.
Менаџерот на Сити додаде дека е горд на наследството што го гради во клубот и дека научил повеќе од победите на клубот отколку од поразите.