Пет знаци дека сте со вистинскиот партнер

Иако денешните врски честопати се обележани со несигурност, осаменост и сè пократко траење, идејата за „сродна душа“ е сè уште присутна во верувањата на многумина. За некои, тоа претставува надеж по разочарувањето, за други, опасност од останување во нездрави врски под изговор дека „го пронашле вистинскиот“.

Но, се повеќе се зборува дека вистинското „сродство“ не е мистична случајност, туку длабока емоционална врска, компатибилност и заеднички напор, тврди психологот Грегори Матос. Тој сподели неколку знаци кои откриваат дека сме во врска со вистинскиот партнер.

  1. Доживувате висока и постојана емоционална поврзаност.
  2. Се забавувате заедно и уживате во слични активности.
  3. Чувствувате взаемна сексуална привлечност.
  4. Уживањето во тишината со вашиот партнер доаѓа природно.
  5. Го прифаќате вашиот партнер таков каков што е и се чувствувате прифатено.

Дополнителни знаци дека можеби сте ја пронашле вашата сродна душа:

  1. Се чувствувате видени, ценети и почитувани.
  2. Слободни сте да покажете ранливост.
  3. Партнерот ги поддржува вашите соништа и цели.
  4. Делите клучни интереси, особини и начин на живот.
  5. Вашите комуникациски вештини и вештини за решавање конфликти се развиваат со текот на времето.
  6. Имате длабока врска што вклучува духовни вредности, доколку тие ви се важни.

„Ако сте во врска повеќе од една година и размислувате за заедничка иднина, добро е да застанете и да се запрашате како се поврзувате, се забавувате, се сакате и се бирате еден со друг – ден за ден“, заклучи Матос.