Обезбедувањето веднаш го избркало надвор
Пејачката Аманда Ава Кози, попозната како Ава Макс (29), настапила во вторникот вечерта во Лос Анџелес, кога маж кој присуствувал на концертот скокнал на сцената и и удрил шлаканица.
По инцидентот, Ава го продолжи настапот и покрај тоа што се здоби со повреди на лицето, а на едно видео се гледа како пејачката се држи за глава.
Непознатиот маж веднаш бил отстранет од концертот од обезбедувањето, а пејачката која се претставува како стопроцентна Албанка се огласила по скандалот и открила дека маж од публиката ја повредил и и ја изгребал внатрешноста на окото.
Да потсетиме, пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа беше удирана со телефон во главата на настап во Њујорк , откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.