Пејачот не успеа да се избори со повредите од трагедијата во „Пулс“- Почина Панчо од ДНК

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, денес во болницата каде што се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, потврдија од приватната болница..

Панчо се лекуваше од повредите неколку месеци откако беше пренесен во приватната болница „Систина“, но поради сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта, на крајот не успеа да се избори — почина како последица на повредите што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“.