Пи Диди прогласен за виновен за организирање превоз со цел проституција, се соочува со затворска казна до 10 години

Американски суд го прогласи американскиот рапер Шон Комбс Диди, попознат како Пи Диди, за виновен за организирање превоз со цел проституција. Тој се соочува со казна затвор до 10 години, објави Си-Ен-Ен.

Тој беше ослободен од обвиненијата за проституција и рекетирање. Обвинет е по пет точки од обвинението: едно за рекетирање и две точки за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и организиран транспорт за проституција.

Пред да биде прочитана пресудата, Диди им се обрати на членовите на своето семејство кои беа присутни.

„Останете силни“, рече тој, а неговите деца кимнаа со главата. Тој исто така се помоли, велејќи: „Боже, те молам заштити го моето семејство“. Неговото семејство рече: „Амин“.

Судијата Арун Субраманијан им се заблагодари на поротниците за нивната напорна работа во текот на изминатите 10 недели.

„Сакам да знаете дека ова е инспиративно за сите нас. Вие слушавте, работевте заедно, бевте тука секој ден, без разлика на времето. Го правевте тоа без никаква награда, освен задоволството што го добивте од одговарањето на повикот за јавна служба. Тоа треба да ни даде надеж на сите нас“, рече тој.

Адвокатот на Диди, Марк Агнифило, тврди дека тој треба да биде ослободен денес бидејќи е ослободен од обвиненијата за рекетирање и проституција.