Планинар го снимил застрашувачкиот момент кога гром го усмртил туристичкиот водич Лејлсон Соза (36) на планински врв во близина на Рио де Жанеиро.
На видеото, Лејлсон, облечен во зелен ранец и црна капа, се гледа како се оддалечува од група туристи кои застанаа да одморат за време на искачувањето. Неколку секунди подоцна седнал на работ од карпа и го удрил гром. Телото било оставено да лежи на карпата.
Карла да Силва, која го снимила ударот на гром, вели дека водичот претходно им рекол дека можат да го започнат искачувањето затоа што, и покрај прогнозата, можеби нема да врне.
– Почна да врне на половина пат. Нè праша дали сакаме да продолжиме и сите решија да продолжат. Водичот рече дека има шанса да се стигне до крајот и да се има поглед на сонцето – рече потресената девојка.
Искачувањето до врвот трае два часа и потребни се уште два часа за враќање, а вклучува наизменично одење и искачување со помош на јаже.
За земање на телото бил употребен хеликоптер.
Туристите кои биле во групата предводена од Лејлсон изјавиле дека почувствувале чудни знаци пред трагедијата.
– Двајца колеги рекоа дека им се крена косата. Исто така почувствував дека прстот многу ги чеша и кога се доближивме до врвот слушнавме силен тресок – вели бизнисменот Пауло Едуардо Сантос.
Специјалистот за атмосферска електрична енергија Осмар Пинто Јуниор објасни што се случило.
– Непосредно пред да удри гром, во регионот се создава многу интензивно електрично поле. Тоа електрично поле предизвикува кожата да трне и да се крева косата. Кога тоа ќе се случи, лицето наскоро ќе го удри гром – вели експертот.