„План за уништување на Израел“ Техеран имал сè испланирано, Израелските одбранбени сили немале друг избор освен да нападнат?

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека Иран е во напредна фаза на подготовки за „ комбиниран копнен напад врз Израел од повеќе фронтови истовремено“ , според соопштението објавено во последните неколку минути.

Според израелската војска, Иран произведува десетици илјади ракети и беспилотни летала (БЛН), а истовремено вложува напори да се здобие со нуклеарно оружје .

Во соопштението се обвинува Иран за развивање на „конкретен план“ за уништување на Израел , за кој Израелските одбранбени сили тврдат дека интерно се нарекува „ План за уништување на Израел  .

По собирање и анализа на, како што велат, „голема количина разузнавачки материјал“ , израелската армија тврди дека открила координација меѓу иранскиот режим и лидерите на Хамас и Хезболах, со цел повторно вооружување на овие организации.

„ Државата Израел немаше избор “, се вели во соопштението.

„Израелските одбранбени сили имаат обврска да дејствуваат во одбрана на своите граѓани и ќе продолжат да го прават тоа“, додадоа тие.

Да потсетиме дека синоќа Израел изврши моќен воздушен напад врз неколку цели во Иран, вклучувајќи го и клучниот нуклеарен комплекс во Натанц. Нападот беше означен како почеток на операцијата „Подемот на лавот“.

Цели на нападот беа воени и нуклеарни постројки, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „нападите беа многу успешни“. Според иранската државна телевизија, во нападите беа убиени некои од највисоките воени и безбедносни функционери на Исламската Република – Хосеин Салами , командант на Револуционерната гарда, началникот на Генералштабот Мохамад Багери , командантот на Централната команда Голам Али Рашид , двајца нуклеарни научници Ферејдун Абаси и Мохамад Махди Техранчи.

Исто така, Али Шамкани, еден од најблиските советници на врховниот лидер ајатолахот Хамнеи, беше тешко ранет.

Портпаролот на иранската армија, бригаден генерал Аболфазл Шекарчи, изјави дека „непријателот ќе плати висока цена“ и дека се подготвува „тежок и болен одговор“.

Иран веќе лансираше повеќе од 100 дронови кон Израел , а се очекува и ракетен пламен. Израелските власти ги предупредија граѓаните да останат во засолништата и да бидат подготвени за „долг период на подготвеност“.