Таканаречените микро-апартмани стануваат сè попопуларни во светот, особено кај студентите кои ги користат додека студираат во друг град.
Видео од стан од само 7 метри квадратни во кој има сè што е потребно за живот, кое е објавено на Јутјуб, го погледнале повеќе од милион луѓе.
Повеќето од нас имаме поголема бања од станот на овој човек.
Таканаречените микро-апартмани стануваат сè попопуларни во светот, особено кај студентите кои ги користат додека студираат во друг град, бидејќи ретко кој би можел да го помине целиот свој живот во толку тесен простор, а камо ли да помисли да основа семејство.
Буквално сè е сместно во 7-те квадратни метри на овој ,,стан”, но во мини формат – вклучувајќи мини кујна и мала бања со туш и тоалет.
Во Јапонија, која важи за една од најнаселените земји во светот, ова не е ништо необично, повеќето луѓе живеат токму вака, а кириите се многу ниски.