Плутон влезе во Водолија! 4 хороскопски знаци очекуваат драматични промени до 2044 година

Плутон, господарот на подземјето, по 16 години се пресели од Јарец во Водолија, каде што ќе донесе тектонски промени. Овој астролошки период ќе има силно влијание на сите знаци, особено на Водолија, Бик, Шкорпија и Лав.

Плутон во Водолија е астролошки транзит кој носи големи промени, иновации и трансформации на глобално ниво. Плутон е планета поврзана со длабоки трансформации, регенерација и откривање на скриеното, додека Водолија симболизира напредок, технологија, заедници и слобода.

Овој транзит означува период на радикални општествени промени и технолошки иновации кои можат да го редефинираат начинот на функционирање на општеството и заедниците. Плутон влегува во знакот Водолија на секои 248 години, така што претставува значајни историски пресвртници. 

Технолошки напредок

Плутон во Водолија носи револуции во технологијата и науката. Можеме да очекуваме развој на нови технологии кои го менуваат секојдневниот живот, како што се вештачката интелигенција и истражувањето на вселената.

Слобода и индивидуалност

Овој транзит го нагласува ослободувањето од старите структури и системи кои го кочат напредокот. Луѓето ќе се стремат кон поголема слобода, права и автономија, и индивидуално и колективно.

Отпорност на промени

Плутон во Водолија поттикнува создавање на нови форми на заедница. 

Секоја трансформација со себе носи предизвици. Плутон во Водолија може да донесе конфликт, но и отпор кон промените. Плутон ќе остане во Водолија до 2044 година. 

Ова е период кој повикува на адаптација, отвореност за промени и подготвеност да се остави старото за да се отвори пат за новото. Плутон во Водолија не повикува да ја погледнеме пошироката слика и активно да учествуваме во креирањето на иднината.