„Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Така е со години. Врвот е во втората половина на февруари. Бројките ќе продолжат да се зголемуваат, но во споредба со претходните години нема разлика во однос на тоа како е сега“, вели Мехмедовиќ, притоа препорачувајќи им на децата кои веќе покажале симптоми на грип да се изолираат и да не одат на училиште.
– Надлежните очекуваат зголемување на заболените од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и придружниците во затворен простор поради ниските температури се дел од факторите кои влијаеле на зголемување на случаите во овој период.
„Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Така е со години. Врвот е во втората половина на февруари. Бројките ќе продолжат да растат, но во споредба со претходните години нема разлика во однос на тоа како е сега. Дури и да се спореди со минатата година, оваа година состојбата со заболените од грип е нешто подобра. Тоа што ќе се зголеми бројот на заболени не зависи само од училиштата, таква е динамиката на зголемување на бројот на заболени од грип“, појасни портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе покажале симптоми слични на грип да се изолираат и да не одат на училиште. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 6 до 12 јануари пријавени се 1053 случаи на групни пријави на заболени од грип и слични болести или 3,2 пати повеќе во однос на претходната недела.
„Вакцинирањето против сезонскиот грип е најефикасната заштита од оваа болест. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целата популација, особено на лицата кои припаѓаат на таканаречените ризични групи според препораките на СЗО: лица над 65 години, деца од шест до 59 месеци, лица над шест месеци со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници“, подвлекуваат од Институтот. До втората недела од 2025 година, во земјава се вакцинирани вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.