Вкупната заработка на Лука Модриќ во кариерата само од клупски приходи на крајот од актуелната сезона ќе ја надмине сумата од 140 милиони евра.
Хрватските фудбалери се повеќе ценети во светот поради одличните резултати на “Ватрените” во последните години, а секако најценет меѓу нив е капитен Лука Модриќ .
Неговото име ќе влезе во националните фудбалски алманаси како на најголемиот хрватски фудбалер во историјата, а неговата вкупна заработка во богатата кариера, која трае речиси две децении, се мери во стотици милиони.
Повеќе од 140 милиони евра на крајот од актуелната сезона
Поточно, порталот Капологија тврди дека неговата заработка од плати во кариерата ќе достигне повеќе од 140.000.000 милиони евра бруто. Истиот извор вели дека Модриќ добива 420.769 евра неделно од Реал, што е 21.800.000 евра годишно.
Тој во моментов има едногодишен валиден договор со Реал, кој е со важност до 30 јуни 2023 година и сосема е извесно дека тоа нема да биде последен договор во неговата кариера. Тој би сакал да продолжи во Мадрид, но доколку не продолжи со “кралевите”, би можел да заработи многу повеќе.
Според некои информации, тој добил богата понуда од Саудиска Арабија, а доколку реши да ја прифати, сметката и вкупната заработка во кариерата ќе му се зголемат уште драстично, бидејќи наводно му нудат 40 милиони евра бруто по сезона.